“Патот до второ место одбојка”

Еден убав сончев ден наставникот по физичко образование не извести дека неколку девојчиња не пријавил на натпревар по одбојка. Тој ни кажа дека ќе има општински, регионален и на крај државен натпревар, доколку стигнеме до таму. Ние мислевме дека нема да постигнеме ништо затоа што немаме услови за вежбање и немавме опрема бидејќи училиштето немаше доволно средства за тој натпревар, но сепак решивме да одиме и да го покажеме тоа што сме го научиле и без услови за трењирање.

Дојде и тој ден кога требаше да се одржи општинскиот натпревар во салата на ОУ. “Гоце Делчев”. Наставникот ни рече во 9 часот наутро да бидеме во салата. Ние бевме убедени дека ќе одиме понатаму затоа што иако другите екипи имаа услови за вежбање беа послаби од нас. Пред да влеземе во салата

наставникот ни рече да бидеме смирени и концентрирани на играта, затоа што има и некои екипи што се слаби и без голем труд да ги победиме. Почна и првиот натпревар. Првата екипа беше малку послаба и како што ни кажа наставникот ги победивме со помалку вложен труд. Веднаш после таа утакмица игравме со екипа што беше подобро подготвена од првата, но ние дадовме се од себе и ја победивме и таа екипа. На крајот се играше финалето во кое учествуваа ученички кои беа навистина добро подготвени за овој натпревар. Вложивме поголем труд и се боревме како никогаш до сега. Не ни се веруваше кога го зедовме последниот поен и ја победивме и таа екипа. Никогаш не

бевме толку среќни па дури ни потекоа и неколку солзи на среќните лица. Наставникот беше исто така многу среќен поради таа победа и ни рече да се подготвуваме за регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 5-ти март во градот Неготино.

     Беше 4-ти март ние уште не знаевме дали ќе одиме на регионалниот натпревар. Го прашавме наставникот, но и тој исто така не знаеше бидејќи не зависеше од него. Училиштето се трудеше да најде превоз до градот Неготино, но не беа сигурни дали ќе најдат и ни рекоа да почекаме до крајот на седмиот час. Ние почекавме до седмиот час но бевме разочарани и помирени со таа мисла дека нема да одиме на тој натпревар. Заварши и седмиот час. Наставникот дојде и ни кажа да се подготвиме дека утредента во 7 часот наутро да бидеме пред училишниот двор бидејќи ќе одиме во Неготино. Ние бевме многу среќни и нестрпливо го чекавме тоа утро. Дојде и седум часот наутро. Се собравме пред училишниот двор, ги поздравивме нашите соученици, сите наставници на чело со директорката ни посакаа среќа и ни рекоа да се вратиме со победа.Во тој момент тргнавме. Кога стигнавме веднаш влеговме во салата. Се подготвивме и излеговме на полето. Иако не бевме во наш град имавме многу голема публика која навиваше за нас. Овие екипи беа многу по слаби од тоа што мислевме, а ние уште појаки од тоа што си замисливме. Игравме јако и ‘. Со еден збор кажано игравме паметно. Наставникот во секој момент не поддржуваше и во тие моменти кога ќе падневме психички знаеше да не врати. Ја победивме и таа екипа. Наставникот ни соопшти дека одиме на државниот натпревар кој ќе се одржи во градот Велес и таму ќе престојуваме 3 дена кај некои ученици од тоа основно училиште. Се сместивме кај девојчињата. Тие беа многу добри и дружељубиви. Требаше да играме со страв во очите влеговме во салата која беше преполна со деца нашата утакмица беше прва,зачекоривме на теренот полни со страв незнаејќи колку се јаки тимовите со кои игравме,иако првата утакмица ја изгубивме никогаш не го изгубивме надежот за понатаму,секако и наставникот беше секогаш со нас и не бодреше,после утакмицата си отиднавме сите во своите домови,каде се одморивме и излеговме на прошетка да го разгледаме градот Велес.

Изутрината нашата утакмица беше исто така прва имавме натпревар со Прилеп (тим со кој што игравме и на регионалниот натпревар) сеуште сонливи блеснавме на теренот и ги победивме прилепчанките 2:0 ова беше чекорот на среќните мигови,истиот ден имавме уште еден натрпревар со штипјанките за кои се зборуваше дека биле многу јаки,но не и за нас ги оставивме на нула и нив,со две победи 2:0 ни остана уште еден натпревар и замислете се боревме за прво или второ место,во почетокот не ни се веруваше сите бевме со солзи во очите, ја споделивме среќата со нашите родители дури и некои наставници ги известивме за овој наш успех,со сеуште насолзени очи ги почекавме новите пријателки да завршат со натпреватор и да си одиме во нивните куќи.

Утредента одморени во 9 часот требаше да го одиграме и последниот натпревар,знајќи колку се јаки и спремни сепак изигравме борбено но не доволно за да изводиме победа над нив иако поените до победата беа ситни.Нормално во нас имаше доза на тага бидејќи сепак на врвот е најслатко,но бевме задоволни и со успехот што го постигнавме.После натпреварот не наредија во четири колони за да ни доделат награди за постигнатиот успех.Откако им беа доделени дипломите и пехарот на прваците дојде ред и на нас.Бевме многу горди посебно кога беа упатени прекрасни зборови кон нас:

“Оправдани финалисти се и Братство-Миѓени од Тетово,можеби не победија во финалето но ни оставиа многу убав впечаток,одлична одбојка,сепак Тетово е познат град по одбојката и тоа треба така и да остане...”

Со тага и жал се поздравивме со девојчињата кај кои престојувавме бидејќи се навикнавме едни на други,влеговме во комбето и задоволни се оддалечувавме од градот Велес носејќи со нас прекрасни спомени поминати во овој прекрасен град кои ќе ни останат во долго сеќавање.

1149563 10201522184006524 2121590678 o

 

odbojka 3