ОРГАНИЗИРАНА ОБУКА ЗА ДЕЦАТА ПРАВОБРАНИТЕЛИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА
Коалиција СЕГА во периодотод 27 февруари – 02 март 2014 година во хотел Амбиент во Струга организираше обука за ново избраните 15 деца правобранители од 5 основни училишта од Прилеп, Тетово, Дебар, Куманово и Кавадарци. На обуката, децата се стекнаа со знаења за Конвенцијата за правата на децата и како да ги едуцираат врсниците за пријавување на прекршувањето на детските прававо нивните училишта. Исто така на обуката беа утврдени начините за соработка помеѓу децата правобранители и заменикот на Народниот правобранител во РМ задолжен за детски права.
Активностите кои ги спроведува Коалиција СЕГА се со цел да се унапреди и видно да се подобри положбата на децата во училиштето и да се укаже на поголема грижа за нив oд страна на возрасните. Преку ваквите обуки сакаме да ги едуцираме децата за нивните права кои ги имаат и да придонесеме кон остварување на тие права во училиштата, истакна ЗоранИлиески, Извршен директор на СЕГА.
Моделот на дете правобранител функционира во 20 основни и средни училишта и преставува одлична институционална алатка за пренесување на Конвенцијата за правата на детето како и за заштита на детските права во училиштата. Овој модел, СЕГА започна да го спроведува од 2011 година во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“, финансиран од Детската Фондација Песталоци.
Проектот ќе продолжи да се спроведува во 20 основни и средни училишта во партнерство со следниве организации: Младински Совет Прилеп, Младински Совет Охрид, ЗОНА Кавадарци, Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар, Младински Клуб – Штип, Мултикултура – Тетово, Асоцијација за демократски иницијативи – Гостивар, Локална Агенција за Развој – Струга, ИМКА – Битола и Центар за интеркултурендијалог – Куманово.
Во рамките на проектот ќе се спроведат активности од три компоненти:
- Мониторинг на спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето
- Модел дете правобранител
- Училишни / младински организации
Проектот е финансиран од Детската Фондација Песталоци.
Деца правобранители во ОУ,, Братство-Миѓени,, Тетово се
1. Мила Светозаревиќ –VII - 1
2. Левент Адеми - VII - 5
Нивни заменици се:
- Катерина Михајловска VIII – 2
- Герт Саљихи - VII – 5

